Осумнаесет членови на хрватската армија во вторникот во многу комплицирани услови успеале да ги спасат нивните колеги од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија кога терористите ја нападнале воената база крај Кабул, Авганистан. Во нападот двајца загинале, а неколкумина се потвредени, пишува „Јутарњи лист“. Во нападот на базата, се претпоставува дека цел на терористите бил принцот Хари, кој не е повреден.
Македонскиот весник „Вест“ јави дека еден од повредените е македонски војник од Куманово, но од македонското МНР велат дека засега немаат информации за идентитетот.
„Јутарњи лист“ пишува дека се започнало во вторникот наутро кога 38 припадници на воената полиција во составот на „Балкански воени сили" требало да пренесат колеги од воена база Џулиен до американската воена база надвор од авганистанскиот главен град.
При нападот, хрватските пилоти позајмиле хеликоптер од Авганистанците и извлекле од воена база во Кабул, 38 војници, Хрвати, Македонци, Босанци, Црногорци и Албанци, откако силите на САД процениле дека е премногу ризично да ги ангажираат своите хеликоптери за да ги транспортираат војниците од базата во која биле речиси како во затвор.
Во Авганистан во моментов исклучително напната безбедносна ситуација, а меѓународни сили и нивните бази се постојана цел на терористички напади. Затоа, команда на НАТО во Кабул издала безбедносни мерки на највисоко можно ниво. Патроли на улиците на Кабул има во исклучително мал број.










