Самовработување со кредитирање: 1.000 нови вработувања

Нови 1000 вработувања се предвидени во рамките на заедничките проекти на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување.

Со мерката „самовработување со кредитирање“ овојпат ќе им се даде можност на 500 невработени лица да основаат сопствен бизнис, а со мерката „Финансиска поддршка на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање нов бизнис“ ќе бидат вработени уште 500 лица.

За овие две мерки и за 1000 нови вработувања, Владата обезбеди средства во висина од 193.155.817 денари.

„Со проектот „Самовработување со кредитирање“, на корисниците на кредити им се овозможува да започнат сопствен бизнис во областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, услужните дејности итн. Во проектот досега финансиски се поддржани 3867 кредитобаратели за вработување на 4511 лица и одобрена е исплата на кредитни средства од околу 832.279.500 денари“, рече министерот Ристовски.

Заинтересираните невработени лица, барање за кредит можат да поднесат до 1.10.2012, во работните клубови на 30-те Центри за вработување во Република Македонија.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе