Костојчиновски и Буневски нови имиња на листата на Kомисијата за лустрација

Васил Костојчиновски и Мирко Буневски, како републички потсекретари на Службата за државна безбедност во седумдесетитте и осумдесетитте години на минатиот век се последните имиња ставени во регистарот на лустрирани личности на Комисијата за верификација на фактите на Република Македонија. Името на третото, починато лице од овој регистар, кое исто така бил прв човек на СДБ, не е објавено.

Од решенијата и објавените документи за Костојчиновски и Буневски, се гледа дека двајцата во својство на први луѓе на Службата за државна безбедност потпишале бројни решенија за следење на одредени лица по разна основа. Главно се работи за решенија за следење, прислушување и проверка на поштата на лица кои во своите самоуправни средини се истакнувале со антисамоуправно однесување, лица кои ги нарушувале меѓучовечките односи и предизвикувале групашки односи.

Костојчиновски на пример потпишал решение за следење на тогашниот директор на Институтот за македонски фолклор кој полицијата го обележала како националист, како човек кој не ги почитувал ликот и делото на другарот Тито и сметал дека неговиот доживотен претседателски мандат е претерана работа. Фолклористот исто така бил обележан и како анархолиберал кој сметал дека со „Македонија и Македонците раководат Србите, Македонците само работат, а Србите го собираат кајмакот“.

Во текот на својот мандат Костојчиновски дал наредба за следење и на актерот Ристо Шишков, чие „шовинистичко расположение спрема српската нација“ било многу добро познато. Шишков во тоа време отворено зборувал дека Егејскиот дел на Македонија е загубен и дека не е далеку денот „кога една од главните улици ќе го носи името на Борис Сарафов“.

И Мирко Буневски продолжил со решенија кои го полнеле досието на Шишков. Со наредба на Буневски отворено е и досието „Завеан“, кој бил прислушуван и следен на националистичко-иредентистичка линија. Во негово време бил регистриран и инцидентот во Струга за време на снимањето на филмот Големата вода во Струга.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе