Пред Генералното собрание на ОН се чека потписот на Иванов

Игор Јанев, професор по меѓународно право, на претседателот Иванов му испрати готова нацрт-резолуција за продолжување на членството на Македонија во ОН под уставното име, која шефот на државата ќе треба само да ја потпише и да ја испрати до генералниот секретар Бан Ки Мун.

Игор Јанев

Македонија не е рамноправна со другите земји-членки на ОН и Генералното собрание на ОН на следната седница треба да ја разгледа резолуцијата што бара земјава да го продолжи своето членство во организацијата под уставното име. Ова е дел од нацрт -резолуцијата која Игор Јанев, професорот по меѓународно право му ја предлага на Ѓорѓе Иванов, претседателот на Република Македонија.

Во предложената резолуција што Иванов треба само да ја потпише се вели дека условите за прием на Република Македонија во ОН се во спротивност со одредбите на Повелбата на ОН.

„Изборот на сопствено име од страна на државата не создава меѓународни правни права за таа држава, ниту пак се наметнуваат правни обврски на други држави. Затоа, името на една држава само по себе нема големо значење во квалификациите кои можат да се земат предвид за приемот на таа држава во ОН.

Јанев, професор од Институтот за политички студии во Белград вели дека претседателот Ѓорѓе Иванов оваа резолуција треба само да ја препрати до генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун. Професорот Јанев потсетува дека името на една држава (како правен идентитет на меѓународно правно лице) е суштински елемент на правното лице, и изборот на сопствено име од страна на државата е вродено право на таа држава и во строга смисла на зборот припаѓа во доменот на нејзината домашна надлежност.

„Предложеното писмо (од Иванов до Бан Ки Мун) со нацрт резолуција на Генералното собрание на ОН (ГСОН) претставува еден од двата модалитета за решавање на проблемот со името. Писмото што е предложено подразбира Генералното собрание да постави барање за советодавно мислење од Меѓународниот суд за правдата (МСП) во Хаг за легалитетот на специфичните дополнителни услови при приемот на Македонија во ОН. Во овој процес се користи веќе даденото советодавно мислење на судот од 1948 година според кое  дополнителните услови при приемот на држава-кандидат не се легални, ниту пак дека за такви услови органите на ООН смеат да гласаат“, вели во изјавата за МКД.МК професорот Јанев.

Според него, доколку Генералното собрание постави такво прашање до МСП, поаѓајќи од преседанот направен  во 1948 година со првото судско мислење, судот треба да се прогласи за надлежен и да изнесе став дека при приемот на Македонија во ОН се поставени дополнителни услови и дека таквите не се легални. Оттука, за нелегални ќе се сметаат деноминацијата (референцата) БЈРМ и обврската за преговори за сопствено име, односно сопствен правен идентитет.

„Советодавното мислење како одговор се враќа во ГСОН кое пак ќе треба само да го прифати мислењето и да ја елиминира референцата-деноминација БЈРМ, заедно со нелеганото барање за преговори за името. Со оваа иста резолуција всушност треба да се овозможи правото на користење уставното име во ОН - Република Македонија. Со ова, постапката за името завршува и го продолжуваме члеството како Република Македонија“, вели Јанев и потсетува дека постои и вториот модалитет со директно воспоставување на името во ОН. За овој модел треба да се користи аргументацијата за дополнителните услови направена од  МСП (советодавното мислење од 1948 година) бидејќи треба да се оправда гласањето за замена на рефереирање - деноминацијата БЈРМ со уставното име Република Македонија. Простото повикување на фактот дека преговорите за името пропаднале не е доволно. Само доколку земјите во Генералното собрание  на ОН се убедат дека е направено прекршување на Повелбата на ОН, ќе се гласа за замена на деноминацијата и продолжување на членсвото во ОН под Република Македонија.
„И во овој модалитет како и во претходниот се гласа со просто мнозинство од присутните кои гласаат во ГСОН. Прекинување на Времената спогодба не е потребно бидејќи интер парес договори, како времената спогодба не ограничуваат акции и одлуки на ГСОН.
Конечно, веќе 19 години Реублика Македонија собираше потенцијал од државите – членки на ОН кои не признале како Република Македонија. Сега е време овој потенцијал да се искористи во ГСОН. На потег е Ѓеорѓи Иванов“, изјави за МКД.МК професорот Јанев.
Приговорите на македонската Влада за нестандардната процедура за прием тогаш биле игнорирани.

„Во "Меморандумот за правните аспекти на проблемот на застапеност во Обединетите нации (Док. на ОН С/1466 на 1958), подготвен од страна на Секретаријатот на ОН, јасно е наведено дека приемот во ОН, како колективен чин на Генералното собрание, е врз основа на правото за членство на која било држава која ги исполнува пропишаните критериуми за членство (член 4 (1) од Повелбата) и нема никаква врска со признавањето на таа држава од страна на друга држава. Грчкото противење на приемот на Република Македонија за членство во ОН под нејзиното уставно име, и наметнувањето на услови, во суштина ги поврзува двата недозволени правни акти и нивните предуслови. Во врска со ставовите изразени погоре во однос на правната основа на наметнатите услови за прием на Република Македонија за членка во ОН и правниот статус на Република Македонија како членка на ОН, ние љубезно бараме приложената Резолуција да се стави како точка на дневен ред на следната седница на Генералното собрание на Обединетите нации“, се вели во писмото.

Во последно време се почесто се заговара идејата за тоа Македонија на седница на Генералното собрание на ОН да побара прием во Светската организација под уставното име. Британскиот дипломат и прв медијатор во спорот со името Робин О'Нил изјави дека посетата на генералниот секретар Бан Ки Мун на Македонија носела поддршка и сега е вистинското време Македонија да побара признавање под уставното име. Светскиот македонски конгрес побара Собранието на Република Македонија да донесе Декларација за воспоставување на државното име Македонија во Обединетите нации со поднесување резолуција до Генералното собрание на ОН. Основа за донесување на оваа резолуција во Генералното собрание на ОН е советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата од 1948 година кое укажува дека се незаконски дополнителни услови за прием на нови држави за членство во ОН, надвор од условите содржани во членот 4 на Повелбата на Обединетите нации, прифатено од страна на ГС на ОН.

Постои уште еден концепт на адвокатот Марјан Попески. Според него, пред Меѓународниот суд на правдата уште во 1995 година е поведен случај за обезбедување на правото на самоопределување, кој заврши позитивно во однос на почитувањето на тоа право, што досега не е сторено во случајот со Македонија. Ова беше, а и може да биде многу корисно за Македонија во спорот со Грција.

А.Д.

Македонија може преку Советот за безбедност на ООН да постави прашање до Меѓународниот суд на правдата во форма како што тоа беше направено уште во 1947 година - дали специфичните услови, наметнатата референца и преговори, се дополнителни барања (услови)?

повеќе

Грција и Бугарија со децении ги „труеле" сопствените граѓани со националните митови за бугарскиот или за грчкиот карактер на земјата и населението во македонските простори, значи во суштина самите си креирале проблем.

повеќе

Кој би можел да биде исходот од наметнатиот спор/конфликт за името во кој ние како страна треба да го имаме основниот збор, треба да дадеме предлог во кој на прво место треба да се стават нашите интереси.

повеќе