Владата најави реконструкција: 400 милиони денари за нова Универзална сала

Владата комплетно ќе ја реконструира и ќе ја догради Универзалната сала во Скопје за што се одвоени 400 милиони денари, пари од буџетото на државата, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

„Новиот објект ќе ги задоволи модерните стандарди за работење и престој на вработените, изведувачите и посетителите. Објектот генерално ќе го задржи надворешниот изглед заради зачувување на автентичноста. Ќе се изведе реконструкција и засилување на постојната челична и бетонска конструкција, а ќе биде изграден од најсовремени енергетско ефикасни материјали“, информира Ѓорѓиев.
Тој вели дека целосно ќе биде реновиран ентериерот во објектот - со нова и најсовремена аудио и видео опрема која ќе овозможува одржување на секаков вид настани. Со проектот е предвидено изградба на повеќенаменска сала со капацитет од 1.500 места, и изградба на нова помала сала со капацитет од 100 места, како и нов простор за техника. Ќе има и подземен паркинг на две нивоа на потегот под платото кое води кон булеварот. Планот е новиот објект на Универзалната сала да биде изграден за 18 месеци, а градежните работи ќе почнат откако ќе биде избран изведувачот.

 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе