Пожарот во Јасен под контрола, гори во Пробиштип

Пожарот во националниот парк Јасен е ставен под контрола, информира Дирекцијата за заштита и спасување. Огнот кој почнал да зафаќа борова шума кон село Белица денеска бил изгаснат со два авиона, две возила на противожарните единици, а биле ангажирани и вработени од шумското стопанство.

Под контрола е и пожарот кај село Црнешево во општина Македонски Брод каде што гореше борова шума.

По интревенијата на авионите на ДЗС и доброволци, локализаран е пожарот кај село Челопек во општина Брвеница.

Нов пожар, вечерва во 19 часот избувнал кај село Трипатници во општина Пробиштип. Зафатена е сува трева и трња, а поради ветрот постои опасност за негово придвижување кон Кочани, информира ДЗС.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе