Роден на денешен ден, Роман Полански

Мајка му ја убија во логор, Менсоновите следбеници му ја убија бремената сопруга и сите блиски пријатели трагично настрадаа, а тој спиеше со 13-годишна девојка поради која мораше да ги напушти САД. Биографијата на големиот режисер Роман Полански е вистински филм, на тема како да се преживее...

Полански со втората сопруга, Шерон Тејт

Роден е како Рејмунд Полански, на 18 август 1933 година во Париз. Кога имал три години, семејството се сели во Краков, родниот град на татко му. Втората светска војна неговите родители ја минуваат во разни логори, а мајка му умира во Аушвиц. Рејмунд живее во различни семејства сè додека не се сретне со татко си, на крајот на војната. Болката ја лекува со уметност, уште од мал покажува посебни таленти за пишување драми. Во 1954 година се запишува на Полската академија за филм, посветувајќи им се на кратките филмови и документарци. Во еден од нив глуми Барбара Лас, полска актерка, со која Полански се зема во 1959, но по само три години се разведуваат.

Во 1962 добива прилика да го снима својот прв филм, Нож во водата, кој му носи номинација за најдобар странски филм од американската академија, но сепак е победен од Федерико Фелини. Следуваат привремените преселби во Париз и Велика Британија, а Роман Полански веќе е млад и афирмиран режисер. На едно патување му се случува тешка сообраќајна несреќа, и три месеци останува приковен за креветот. Со надеж дека може да успее на филмското поле, особено доколку се пресели во центарот на филмската индустрија – Холивуд, пристигнува таму во 1968 година и дебитира со „Бебето на Розмари“. Истата година се венча со актерката Шерон Тејт. Само година подоцна, како на филм, додека тој е во Лондон на снимање, неговата сопруга, бремена во 8-ми месец, е брутално убиена од следбениците на култот на Менсон, во нивниот дом во Лос Анџелес, заедно со уште четворица нивни блиски пријатели. Трагичниот настан ќе го следи Полански во следните уметнички изразувања, сосема насочувајќи се кон најтемната страна од човечката природа. Следува филмот „Кинески кварт“, во 1974, во кој главните улоги ги толкуваат Џон Хатсон, Џек Николсон и Феј Данавеј. Две години подоцна влегува во страсна врска со Настасја Кински, која тогаш имаше 16 години, а тој полни 44.

Но 1977 година му носи нови неволји. Обвинет е за сексуална

Во љубовна врска со Кински

злоупотреба на малолетничка, 13-годишна девојка, за време на фотосесијата за Вог. Полански е осуден со казна затвор. Иако беа во тек дополнителни кривични пријави, Полански избега од САД и не смее да се врати назад поради затворската казна што го очекува.

Нов живот почнува во Париз, каде што работи на филмот „Тес“. Трилерот „Лудило“ со Харисон Форд му ја враќа славата. По него голем успех доживува еротската драма „Горка месечина“, во која главната улога ја доделува на третата сопруга Емануел Сигнер, 33 години помлада од Роман. Во 1999 со Џони Деп во главната улога на филмот „Деветтата врата“, критиките првпат се неутрални и млаки. Многумина го прогнозираат неговото повлекување и недостиг од инспирација.

Во 2004 година започнува судскиот спор со списанието Венити фер, кое во еден напис тврди дека Полански имал сексуални односи со една премлада манекенка и дека тоа се случило додека патувал на погребот на Тејт. Миа Фароу се појавува како сведок на судењето, а против него сведочат и Џек Николсон и неговата тогаш долгогодишна девојка Анџелика Хјустон. Сепак, тој се извлекува со казна од 50.000 долари.

По налог на властите од САД, во септември 2009 година е уапсен од швајцарската полиција со цел да се испорача назад во Америка, и два месеци поминува во затвор. Сепак, Швајцарија го одбива барањето на САД. Во едно интервју Полански јавно ѝ се извинува на девојката со која имал сексуален однос, додавајќи дека за тој настан жали цели 33 години.

Мирен брак - Роман и Емануел

Големото враќање Роман Полански го прави со врвното остварување „Пијанист“, филм посветен на холокаустот, кој ги собира сите престижни награди на фестивалите. Главниот глумец во филмот, Адријан Броди, го добива оскарот за најдобра улога. Следуваат уште две успешни филмски остварувања на режисерот и оваа година краткиот филм „Терапија“ за Прада.

И покрај тешкиот и мошне контроверзен живот, неоспорно е дека Роман Полански остави голем печат на филмската сцена и е еден од најголемите мајстори на отсликување на темната човекова страна. Љубителите на филмот и денес едвај го очекуваат секое негово следно остварување, кое преплетувајќи се со личната „филмска“ судбина на режисерот низ годините, созрева и станува сè подлабоко.

Министерствата за култура и финансии, албанскиот театар, синдикатот, народниот правобранител, Владата... добија ваква новогодишна честитка од познатиот актер Бајруш Мјаку.

повеќе

Тешко е да се рзбере логиката на претседателот на руската влада, кога тој бара од украинската власт да воспостави нормален живот на окупирана територија.

повеќе

Ако има барем малку почит кон силата на аргументите согласно рационалистичката епистемологија, која се темели на логичките принципи за изведување заклучоци, власта треба да се откаже од ова тотално погрешно предлог-законско решение, со што ќе покаже доблест.

повеќе