Медал за храброст е одликувањето што постхумно, по повод 20 години на АРМ, го добија сите загинати припадници на Армијата на Република Македонија и учесници во мисијата Алтеа во Босна и Херцеговина. Претседателот истиот медал ќе им го додели и на загинатите припадници на вооруѓените единици и на полицијата на Република Македонија.
Ова денес го соопшти Кабинетот на претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов.