Ледецки покажа дека е идна голема шампионка, откако вечерва за 50-на стотинки не успеа да го собори и светскиот рекорд, кој го имаше во раце до последните 30 метри. Ледецки триумфираше со време 8:14,63, што е повеќе од една минута (73 секунди) побрзо од времето кое Маринова вчера го исплива во квалификациите (9:28,41). Ледецки тирумфираше убедливо пред Шпанката Мирела Белмонте Гарзија и домашната пливачка и светска рекордерка Ребека Адлингтон.
Миси Френклин, 17-годишната втора американска тинејџерка е вистинска хероина на пливачкиот настан во Лондон, откако го освои третото злато со победата на 200 метри грбно. Френклин стана прва олимпијка во Лондон со хет-трик на злата, а и се придружи моменти потоа најтрофејниот олимпиец Мајкл Фелпс со победата на 100 метри делфин.
Успехот на Френклин вечерва е уште поголем со соборувањето на светскиот рекорд на Кирсти Ковентри, остварен со помош на веќе укинатите полиретански одела. Американката денеска исплиба со време 2:04,06 пред Русинката Анастасија Зуева и сонародничката Елизабет Бејсел. Френклин со оваа победа станува првата пливачка по 12 години која освојува две злата во грбните стилови, а прва Американка по Мелиса Белоте од пред 40 години. Таа сега
Суперѕвездата Фелпс ја освои и 21-то олимписко одличје, а 17 златен медал со триумфот на 100 метри делфин. Фелпс овојпат му се реваншира на Чад Ле Клос за поразот на 200 метри делфин, па Јужноафриканецот доплива до сребро, заедно со Русинот Евгени Коротишкин. Србинот Милорад Чавиќ, кој во Пекинг со Фелпс го пливаа највозбудливото и најконтроверзно финале на оваа делница, остана без медал.
Фелпс стигна до третото злато, по тие на 4х200 метри слободно и во 200 метри мешано, а има и две сребра на овие Игри.