„Дрекслер Мајер“ ќе прави делови за „мерцедес“ и ќе вработи 4.000 лица

Германската компанија „Дрекслер Мајер“ за делови за „мерцедес“ во понеделник со Владата ќе го потпише договорот за инвестиција во Република Македонија вредна 30 милиони евра. Компанијата ќе отвори фабрика за производство на делови за „мерцедес“ која постепено ќе вработи 4.000 лица, најави денеска премиерот Никола Груевски.

[caption id="attachment_44479" align="alignright" width="320" caption="Никола Груевски"][/caption]

„Станува збор за инвестиција во кавадаречкиот регион. Фабриката ќе се гради во близина на Кавадарци. Ќе има и индиректни вработувања. Според бројот на вработени таа ќе биде фабрика која ќе вработува најмногу луѓе во Македонија“, рече премиерот Груевски по предавање во употреба на лабораторија на Институтот за патологија.
Тој потсети дека оваа инвестиција е резултат на процес кој се води подолг период, а последната средба со оваа комапнија ја имале на бизнис форумот во Германија каде организирале и посебна работна средба со раководството на компанијата.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе