Фокус: Љубчо Георгиевски е вистинско богатство за Атина

Георгиевски е многу популарна личност во Грција поради очигледни причини - тој не сака да пропушти шанса да ја посрамоти Македонија, а Грција не сака да пропушти шанса да се направи сензација од тоа.

Љубчо Георгиевски веќе една деценија е непожелна личност за македонските медиуми заради неговите антимакедонски изјави давани главно за бугарските и за грчките медиуми. Љубчо е дете на бугарски родители, а усвоен од македонско семејство. Тој играше важна улога во македонската политика во 1990-те. Беше сметан за македонски патриот се додека не премина на „страната на темнината“ во доцните деведесетти и на почетокот на 2000 година заедно со Црвенковски, јави МИНА, македонска агенција информации.

Во 2002 година Љубчо Георгиевски имаше бројни здравствени проблеми, кај него беше дијагностицирана и шизофренија. Оваа информација долго време беше чувана во тајност од неговата партија. Како резултат на нередовното земање лекови, Георгиевски дал неколку бизарни интервјуа за локални телевизии. Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по кратко време го отстранува од партијата. Сепак, Георгиевски и покрај несогласувањата со партијата продолжи со своите бизарности во неговиот приватен живот. Познат по својата љубов кон поезијата, тој напиша детески песни во кои има сцени на сечење на детски глави. Ова предизвика црвено светло меѓу членовите на партијата, но тој одбиваше секаква помош понудена од партијата.

И покрај јавните изјави на Георгиевски против Македонија, главно дадени за странски медиуми, тој никогаш за ништо не беше обвинет од македонските власти. Во нормални услови државните органи би можеле и би морале да интервенираат во такви услови, но сепак, сите се свесни за неговата психичка состојба.

Сега за сега, Георгиевски е многу популарна личност во Грција поради очигледни причини - тој не сака да пропушти шанса да ја посрамоти Македонија, а Грција не сака да пропушти шанса да се направи сензација од тоа. Неговите коментари за весниците во Атина се вистинско богатство, пренесува бугарската агенција Фокус.

 



Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе