Нови, познати марки во Сити мол во Скопје

Во скопски Сити мол ќе дојдат и Бланко, Ив Рошер, Афтершок, Алдо, Урбан џангл...


Англиските модни марки Афтершок (Aftershock), Литл Буда (Little Buddha) и Ворлд оф асесори (World of Accessorie), шпанските Бланко (Blanco), козметичката куќа Ив Рошер (Yves Rocher), како и марките за чевли Алдо (Aldo) и Урбан џангл (Urban Jungle) влегуваат во Македонија.

Овие компании првпат ќе отворат продавници во Скопје, во новиот трговски центар Сити мол, кој треба да биде готов до крајот на септември, пренесува хрвaтскиот портал limun.hr.

Потврдено е дека и овие марки се закупници на деловниот простор во овој трговски центар. Претходно, претставници на инвеститорот, компанијата Балфин МК, соопштија дека во новиот центар веќе закупиле простор Зара ( Zara), Бершка (Bershkа), Масимо Дути (Massimo Dutti), Пул анд Беар (Pull&Bear), Страдивариус (Stradivarius), францускиот синџир Керфор (Carrefour) и австрискиот кинооператор Синеплекс (Cineplex).
Со новите закупци, бројот на марките што влегуваат во Македонија ќе биде 40. Инаку, во трговскиот центар веќе се закупени 85 отсто од деловниот простор.

Не можам да се помирам и да сватам со каква леснотија некогашниот професор Ѓ. Иванов го поима поимот „Владеење на правото".

повеќе

Македонија како дел од позитивните регулативи за пристапување кон ЕУ презема одредени обврски и во областа на енергетиката.

повеќе

И Македонија стана дел од глобалната и регионалната „трка до дно" за тоа кој повеќе ќе понуди да привлече странски инвеститори преку поголема дерегулација и повисоки стимулативни мерки.

повеќе