Младински културен центар - Скопје, со сопствени средства и со средства од донација на компанија од Скопје, чиј сопственик сакаше да остане анонимен, jа заврши реконструкцијата на двете куполи кои се наоѓаат над Планетериумот и Детскиот креативен центар на објектот на МКЦ.
Со ова е решен тридеценискиот проблем со протекувањето и руинирањето на кровната површина, се заштити ентериерот во Детскиот креативен центар како и скапата оптичка опрема која служи за презентација во единствениот Планетариум во Македонија и каде учениците од цела Македонија ги добиваат основните знаења од астрономијата и астрофизиката.