Средба Груевски – Путин: интензивирање на економските односи меѓу Македонија и Русија

Нагорна е линијата на добрите политички односи меѓу Руската Федерација и Македонија, заклучија на денешната средба во Санкт Петербург претседателот на Русија Владимир Путин и македонскиот премиер Никола Груевски.

Премиерот Груевски и претседателот Путин констатираа дека двете земји успешно се справиле и се справуваат со последиците од глобалната економска криза, која е сериозен предизвик за сите земји од светот.

Соговорниците изразиле заложба и поддршка за продлабочувањето и интензивирањето на економските односи, зголемувањето на економската соработка на планот на инвестициите и трговската размена.

Меѓу клучните приоритети било разговарано за соработката во областа на гасификацијата и вклучувањето на Република Македонија во меѓународните коридори за пренос на гас, што ќе отвори нови перспективи за македонската економија, соопшти Секторот за односи со јавноста на Владата на Република Македонија.

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе