Тодор Александров: од бугарски шпион до најголем македонски револуционер

До вчера сите историски наоди покажуваа дека Александров бил бугарски агент и шпион на царскиот двор, а сега се претставува како еден од најголемите револуционери. Малку е избрзано, вели професорот Новица Вељановски.

Тодор Александров

Тодор Александров, предлогот со кој ВМРО – ДПМНЕ ја преименува улицата Стив Наумов, повторно ги раскара двете најголеми партии и предизвика бурни реакции во јавноста.

Станува збор за контроверзна личност, која предизвикува многу полемики и во научните кругови. Досегашната историја Александров го претставуваше како бугарофил, како соработник на бугарскиот царски двор и како ликвидатор на многу македонски револуционери и дејци за слободна и независна Македонија.

Но по независноста на Македонија одредени понови историчари излегоа со нови тези околу значењето и улогата што ја одиграл Александров во македонската историја.

Зоран Тодоровски

Историчарот Зоран Тодоровски, директор на Државниот архив на Македонија, тврди дека најновите откритија покажуваат дека Тодор Александров бил еден од најголемите македонски револуционери и борци за независност и слобода.

Можеби досега тој важеше за контроверзна личност, но сега по откривањето на голем број документи се гледа дека Александров е еден од најголемите револуционери и борци за независна и слободна Македонија. Постојат документи, записи што покажуваат дека тој се залагал за обединување на сите сили во борбата за независна Македонија, и документи што покажуваат дека тој ја осудува политиката на Бугарија кон Македонија“, вели Тодоровски.

Александров заедно со Александар Протуѓеров и Петар Чауле е потписник на познатиот „Мајски манифест“, документ за обединување на сите македонски револуционерни сили кон единствена цел – слободна и независна Македонија. Но Александров и Протуѓеров се откажале од своите потписи.

Според Тодоровски, тоа не претставувало предавство од страна на Александров.

„Мајскиот манифест“ е еден од најзначајните документи во револуционерната борба. Александров се откажал од потписот под притисок на бугарските власти, но и затоа што оценил дека во тој документ имало многу болшевички термини. Затоа бил и убиен подоцна. Битно е дека со најновите откритија се покажува неговата посветеност за независна и слободна Македонија“, вели Тодоровски.

Новица Вељановски

Професорот во пензија Новица Вељановски смета дека е многу рано да се одреди местото и улогата на Александров низ историјата и дека станува збор за личност чија дејност сè уште не е доволно истражена.

„Според најновите истражувања, кои ги вршеше Зоран Тодоровски, излезе дека тој и не бил толку контроверзна личност. Секако дека треба да се прави разлика помеѓу Александров и Ванчо Михајлов. Но лично сметам дека е многу избрзано тој да се става во редот на македонските револуционери оти треба уште многу научен труд и докази за да се потврдат таквите тези. До вчера сите историски наоди покажуваа дека Александров бил бугарски агент и шпион на царскиот двор, а сега се претставува како еден од најголемите револуционери. Малку е избрзано. И секако дека не се согласувам да се избришат имињата на Стив Наумов и на многумина други борци што си го дале животот за оваа држава. Сепак тие умреле за Македонија“, вели Вељановски.

Емил Зафировски

На гробот на Александров: Преку голгота до независна Македонија

Објавено на

15 Јуни 2012 - 11:24

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе