Отворен дневен Центар за старци во Скопје

Дневен центар за стари лица е отворен денеска во Скопје.

Центарот за стари лица каде тие ќе може да престојуваат и да добиваат нега и помош е заеднички проект на Министерството за труд и социјална политика, Град Скопје и Црвениот крст на Скопје.

„Би сакал да им се заблагодарам на вработените и на градоначалникот на Град Скопје, на Црвениот крст на Република Македонија и на Црвениот крст на Град Скопје, затоа што секогаш ни помагаат во реализацијата на нашите проекти“, изјави Спиро Ристовски, министер за труд и социјала, на денешното отварање на Центарот.

Тој нагласи дека по примерот на Скопје исти центри треба да се отворат и во другите градови. се грижат за старите лица во нивните општини.

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски објасни дека Центарот ќе им послужи на старите лица и за забава.

Дел од активностите кои ќе се реализираат секој ден ќе бидат едукации на теми што се интересни и корисни за старите лица, игри како бинго, шах, пикадо, а ќе се организираат разни креативни работилници, како и заеднички прошетки“, рече тој.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе