Есенва „Суташ“ почнува со производство

Есенва турската компанија „Суташ“ ќе почне производство на млеко и млечни производи во од неодамна преземените капацитети на „Сведмилк“. Се очекува првата година да се вработат повеќе од 100 лица во „Суташ“, а кога инвестициите ќе завршат, бројката ќе достигне 250.

Мухарем Јилмаз

„Целта ни е да ги зголемиме пазарите во Македонија и во околните земји и да ја покачиме потрошувачката на млеко и млечни производи во регионот со иновациите, кои ние ќе ги претставиме за индустријата“, најави Мухарем Јилмаз, претседателот на групацијата „Суташ“.

„Суташ“ ќе се шири и во Албанија и во Косово, како и на пазарите во Европа. Од компанијата најавуваат дека ќе го зголемат капацитетот на преработка на млеко од 70 милиони литри годишно на 175 милиони. Во Македонија ќе се примени интегралниот работен модел „од трева до софра“, кој претставува гаранција за природноста и квалитетот на производите на „Суташ“. Тоа значи дека по изградбата на фабриките за млечни производи, нивните инвестиции ќе продолжат со изградба на фарми за млечно сточарство, фабрика за сточна храна и фабрики за рециклажа и за производство на енергија.

Јилмаз рече дека за да може да се развие толкав капацитет на производство на млеко во Македонија ќе се соработува со универзитети, производители, со другите соработници од секторот, како и со Владата на Република Македонија.

„Суташ“ е лидер за млеко и млечни производи во Турција, со промет од 650 милиони евра во 2011 година. На пазарот е присутен 37 години.

И Македонија стана дел од глобалната и регионалната „трка до дно" за тоа кој повеќе ќе понуди да привлече странски инвеститори преку поголема дерегулација и повисоки стимулативни мерки.

повеќе

И покрај сите негативни општествени појави земјава бележи пораст на туристите и остварените ноќевања.

повеќе

Итна е потребата од поактивни дејства на меѓународната заедница за заштита на човековите права во окупираниот Крим.

повеќе