Книги за изучување на македонскиот јазик во Австралија

Книгите од Агенцијата за иселеништво на Република Македонија викендов беа предадени на комитетот на Македонската општина на Западна Австралија. Во Перт книгите и другите училишни помагала на претставничката на Македонската општина Кети Лазаридова ги предаде Зоран Ќосески, почесниот конзул на Република Македонија.

Лазаридова е одговорна за изучување на македонскиот јазик при училиштето на Македонската општина во Западна Австралија, која изјави дека ова ќе биде уште еден поттик за помасовно изучување на македонскиот мајчин јазик.

Објавено на

04 Јуни 2012 - 08:51

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе