Македонската „Металика“ се вика „Вандал“

Кумановскиот бенд „Вандал“ е нешто ново и необично на македонската музичка рок-сцена. Се работи за млади музичари, но нивното музицирање звучи моќно и сериозно, а ако со затворени очи го слушнете нивниот звук, нема да бидете сигурни дали станува збор за нов албум на „Металика“.

Запомнете ги добро овие имиња - Бојан Стојановски (вокал), Дамјан Милановски (гитара), Ненад Вељковиќ (гитара), Ненад Тренчевски (бас-гитара) и Андреј Мициќ (тапани), или накусо името „Вандал“, кое ги обедини нивните таленти, симбиотично, во еден бенд. Бенд што наскоро ќе „пали и жари“ за почеток, низ Балканов.

„Иако се работи за многу млади музичари, сепак нивното музицирање звучи апсолутно сериозно, па токму затоа и се заинтересирав за овие млади момци, кои звучат, изгледаат и свират прекрасно. Успеав многу луѓе да ‘прелажам’ дека „Металика“снимиле нов албум. Имено, идејата ми беше токму таа!“, вели Валентино Скендеровски.

Дечките моментално работат на својот албум, кој ќе биде спакуван и модифициран како најпопуларниот и најпродаван албум на „Металика“ (The Black Album).

Едвај чекаме да го чуеме.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе