Епидемија на самоубиства: мајка и син Грци скокнале во смрт

Изјавите на сведоците се различни – некои велат дека мајката, која боледувала од Алцхајмеровата болест, скокнала прва, извикувајќи молитва додека паѓала надолу. Други соседи изјавиле дека мајката и синот скокнале заедно, држејќи се за раце.

Цвеќиња, играчки и пораки оставени на местото каде фармацевтот Димитрис Христулас си пукал во главата

60-годишен грчки музичар и неговата 91-годишна мајка скокнале од својот стан на 5-тиот кат, поради очајноста од нивната финансиска состојба. Двојната смрт е најнов случај во епидемијата на самоубиства предизвикани од кризата во Грција.

Но едно нешто за кое сите се согласуваат е дека семејството веќе подолго време се измачувало. Претходната вечер синот, Антонис Перис, постирал проштална порака на еден популарен грчки форум, велејќи дека не може да ги реши финансиските проблеми на семејството.

„Проблемот е што не бев свесен дека ќе ми требаат пари, бидејќи економската криза се случи толку бргу. Иако продавам сè што поседуваме, немам извор на приходи, повеќе немам е пари да купуваме храна, а мојата кредитна картичка е во страшен минус со камата од 22 отсто“.

Перис во прошталната порака напишал дека и неговото и здравјето на неговата мајка се влошени, и дека не може да најде решение за најосновните потреби – храна и медицински потреби.

Тој својата порака ја завршил обвинувајќи ги „светските моќници“ за кризата во земјата и за својата немаштија.

Самоубиствата предизвикани од кризата повеќе не се изолирани инциденти во Грција. Пред само два дена човек се самоуби во центарот на Атина, сечејќи си ги вените на еден од градските плоштади. Во април, студент, професор и свештеник си ги одзедоа животите во грчката престолнина.

Но смртта на фармацевтот Димитрис Христулас, кој си пукаше во главата на централниот плоштад во Атина, е таа што најдобро го отсликува падот на Грција предизвикан од суровото штедење.

Пред да си пука во главата за време на утринските турканици на 4 април на плоштадот Синтагма, спроти зградата на грчкиот парламент, 77-годишниот пензионер напишал проштална порака.

„Не гледам друг излез од овој достоинствен крај на мојот живот, поради тоа што не сакам да завршам копајќи по контејнерите во потрага по храна“, напишал Христулас, кој оттогаш стана симбол на болката предизвикана од државното штедење што егзистенцијално загрозува милиони луѓе.

Грчките медиуми во минатиот месец речиси секој ден јавуваа за луѓе што си ги одзеле животите низ целата земја - шокантен факт за земјата што претходно имаше една од најниските стапки на самоубиства во целиот свет.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе