Јоанидис: Моето родно место Гевгелија не e ослободено од страна на Грците (ВИДЕО)

Јоанидис ја даде оваа неверојатна изјава додека ја обвинуваше левичарската СИРИЗА дека дел од нејзините фракции ја поддржуваат идејата Грција да ја признае Република Македонија под нејзиното уставно име.

 

Јанис Јоанидис

„Јас сум Македонец, оригинален Македонец. Моето родно место Гевгелија не беше ослободено (од страна на Грците).“

Ова се зборовите на пратеникот на Неа демократиа од Солун и поранешен министер за спорт Јанис Јоанидис, за време на вчерашната утринска ТВ-дискусија на грчката државна телевизија. Јоанидис ја даде оваа неверојатна изјава додека ја обвинуваше левичарската СИРИЗА дека дел од нејзините фракции ја поддржуваат идејата Грција да ја признае Република Македонија под нејзиното уставно име.

Порано ѕвезда на грчката кошарка, тренер на легендарниот Арис од Солун во осумдесеттите и раните деведесетти години, на Олимпијакос, на АЕК и на грчкиот национален тим, сега 67-годишниот Јоанидис се приклучи во Неа демократиа во 2004 година и беше избран за пратеник во Солун на 4 последователни избори (2004-2007-2009-2012). Неговото оригинално презиме е Дајчев, зашто неговите татко и мајка, чиј мајчин јазик е македонскиот, биле родени во Гевгелија. Тие му останаа верни на патријархатот и не се префрлија кај егзархот.

По Првата светска војна семејството се преселило во Солун, каде што подоцна го промениле презимето во Даицис, за да звучи повеќе грчки. Меѓутоа Јанис Даицис на пошироката јавност ѝ стана познат по неговиот спортски прекар Јоанидис, кој го користи до денес. Тој секогаш бил сметан за ултранационалист, спаѓајќи во оние грчки политичари што одбиваат дури и сложено име за Република Македонија и поддржуваат „решение“ што воопшто не го содржи зборот „Македонија“.

Вреди да се спомене дека никој од другите дискутанти, новинарите-домаќини на емисијата, ниту пак некој од другите политички партии, до овој момент ја немаат осудено оваа иредентистичка изјава на Јоанидис, па дури никој не ни изреагира на неа.

Јоргос Пападакис

 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе