
Како што соопшти МВР на денешната прес-конференција, со тоа почнала последната фаза од акцијата „Расколник“.
Кривични пријави добија Ј.В.(46) од Битола, потоа против М.К.(34) од Штип и Д.Н.(34) од Скопје, Н.С.(33) од Скопје, М.Т.(39) од Скопје, К.П.(47) од Скопје, Ф.Х.(56) од Битола, М.И.(39) од село Нижеполе, О.М.(32) од Битола, З.Д.(33), М.П.(66), С.Б.(45) од Скопје, О.И.(39) и Г.И.(37) од Прилеп, Г.В(73), М.П.(41), И.П.(69) од Битола, Ф.Н.(38) од Скопје, В.Т.(63) од Скопје.
Шестмина од нив добија мерка притвор од 30 дена, а останатите ќе се бранат од слобода.
Кривична пријава е поднесена и против здружението на граѓани „Анастасија“, кое е формирано од приврзаниците на Вранишковски.
Според МВР, Вранишковски со своите соработници за да ги легализира проневерените пари од МПЦ, направил повеќе раситнети парични трансакции на сметката на здружението „Анастасија“, а истовремено купувал и недвижен имот.
Бил купен локал во трговскиот центар „Лептокарија“ во Скопје, плац од 5.000 квадратни метри во селото Нерези и плац од 4.000 квадратни метри во близина на Штип.