Мајка Тереза – предлог име на новиот клинички центар

Државна болница или клинички центар наскоро ќе добие име – комплекс клиники Мајка Тереза. Ова било предложено на една од владините седници, а предлогот е испрфатен во Општина Центар.

На просторот на сегашната државна болнива ќе се гради нов објект на површина од околу 47.000 метри квадратни, каде ќе бидат сместени сите постоечки клиники освен Инфективна клиника, Клиника за детски болести, Стоматолошки клинички центар и Клиника максилофацијална хирургија.
Во новиот објект ќе има околу 500 болнички кревети, околу 130 кревети во дневна болница, осум операциски сали, современа дијагностичка опрема и околу 90 амбуланти.

Македонскиот образовен систем од реформа до реформа оди од лошо во полошо. Институциите кои се должни да го надградуваат и подобруваат системот, да ги зголемуваат капацитетите на образовниот процес, немаат никаква намера да си ја исполнат улогата.

повеќе

Во документот на Меѓународната кризна група (МКГ) од 2012 година се потврдува дека „грчките барања немаат основа во меѓународното право". Но, во истиот извештај се зборува за легитимни „грижи" на грчката страна и се предлага билатерално име.

повеќе

Дипломатијата е значајна служба на секоја одговорна земја. Во нашиов случај, кога сме меѓународно оспорени, МНР мора да биде најфорсирана институција.

повеќе