Првпат во историјата обединети мали акционери ќе разрешат директор

Повеќе од 500 малцински акционери на богданската транспортна компанија „Млаз“, кои тврдат дека поседуваат над 50 отсто од акциите, планираат да го разрешат од функцијата генерален директор, актуелниот менаџер Васил Петрушев. „Млаз“, кој порано беше најголема македонска карго транспортна компанија, е западнат во многу лоша финансиска состојба, за што одговорноста ја лоцираат исклучиво кај Петрушев.

Актуелниот генерален менаџер на „Млаз“ воедно е и најголем поединечен акционер во компанијата во која поседува 23 отсто од сите акции. Доколку на акционерското собрание малцинските акционери го разрешат Петрушев тоа ќе биде прв пат во корпоративната историја на Македонија малцински акционери да се организираат и да ги искористат правата од своите акции и да разрешат менаџери.

„Веќе имаме поддршка од повеќе од 500 акционери во „Млаз“ и контрола врз повеќе од 78.000 акции со право на глас. Нив на акционерското собрание ќе ги претставуваат неколку лица на кои тие им довериле да ги застапуваат. Целта е да бараме отчет за лошата финансиска состојба во која е „Млаз“ и да добиеме увид на имотот на компанијата што Петрушев го заложил за заеми и кредити. Секако ќе побараме негова оставка од функцијата генерален директор, а истото се однесува и на менаџментот. Согласно со законската регулатива поднесовме до „Млаз“ барање за дополнување на дневниот ред на собранието закажано на 30 мај. Ние настапуваме заеднички зашто сите имаме ист интерес - „Млаз“ да работи успешно“, рече Крсте Олумчев, претседател на Здружението за заштита на интересите на малцинските акционери во „Млаз“.

Според сознанијата на акционерите, меѓу кои има пензионери од „Млаз“, но и вработени, финансиската ситуација воопшто не е добра и нема изгледи да се подобрува, туку напротив, да се влошува и понатаму. Целта им била да го спречат, како што велат, уништувањето на „Млаз“ и да го заштитат нивниот капитал.

Според официјалните податоци од Централниот депозитар за хартии од вредност, „Млаз“ има вкупно 195.912 акции. Петрушев е единствениот акционер што поседува над 5 отсто од капиталот. Неговиот стек е над 45.000 акции. Другите 1.179 домашни физички лица поседуваат над 142.000 акции, а според тврдењето на акционерот Олумчев повеќе од половина од нив се под контрола на опонентите на Петрушев.

А.Д.

Ние Македонците имаме многу попозитивни искуства со републиканците, а тоа дава надеж дека со новата републиканска администрација многу работи ќе добијат нова и за нас поповолна димензија.

повеќе

Трамп, откажи се од спорот за името, докажи ја „љубовта кон Македонците" и обезбеди ги македонско-американските гласови на изборите.

повеќе

Тезата за наводен „внатрешноукраински“ карактер на конфликтот во Донбас е само обид за одвлекување на вниманието од она што навистина се случува таму.

повеќе