„Суташ груп“ годишно врти половина милијарда долари

Суташ груп“, новиот доминантен сопственик на банкротираната млекарница „Сведмилк“, е најголем турски производител на млеко и млечни производи, кој остварува годишен приход од 500 милиони долари.

 

Според официјалните информации, таа групација има два индустриски комплекси за производство на сточна храна, за одгледување крави, млекарници и погони за производство на свежо млеко и цела спектар млечни производи.

„Суташ груп“ во 2010 година во Аксарај во областа Анадолија инвестирал 90 милиони долари во комплекс во кој е заокружен целокупниот процес од производство на сточна храна преку производство на млеко до производство и дистрибуција на млечни производи. Според официјалните податоци на групацијата „Суташ“ има капацитети за производство на 500 милиони литри свежо млеко годишно и за производство на 250.000 тони концентрирана сточна храна наменета на нивниот сточен фонд и за повеќе од 40.000 кооперанти и фармери со кои соработуваат.

Освен производство на сточна храна и млеко и млечни производи, „Суташ Груп“ развила и сопствена логистика и дистрибуција. Во својата флота има повеќе од 1.000 возила кои дистрибуираат нивни производи кои се нудат на 78.000 продажни места на пазар на кои има 40 милиони потрошувачи.

Садик Јилмаз

Оваа групација е најголем производител на свежо млеко во цела Турција, а вработува вкупно 2.670 лица.

Компанијата „Суташ“ постои повеќе од 35 години и е основана од Садик Јилмаз кој фармерскиот бизнис го научил од својот татко, а во наследил и проширил заедно со своите браќа. Оваа групација е позната по силната соработка со научните установи во Турција во дејноста на земјоделското производство и одгледувањето добиток и производство на млечни производи.

Во тоа време направивме иновација. Прв почнав да произведувам кашкавал и да го пакувам во пакувања од еден килограм. Тоа беше новитет зашто сакав да ја зголемам продажбата. Воедно и да се справам со вишоците од свежо млеко. Во тој период , 1960 година, потрошувачите беа навикнати на бело овчо сирење и овој вкус им беше нов и невообичаен. Таа година произведов 30 тони кашкавал, но заради револуцијата и воената интервенција се случи нарушување на пазарот. Сепак најдовме пазар за кашкавалот. Во Истанбул на пазарите: Бешикташ и Аксарај“, изјавил во интервјуто дадено за магазинот „Бурса“, Садик Јилмаз во 2002 година.

А.Д.

Македонскиот образовен систем од реформа до реформа оди од лошо во полошо. Институциите кои се должни да го надградуваат и подобруваат системот, да ги зголемуваат капацитетите на образовниот процес, немаат никаква намера да си ја исполнат улогата.

повеќе

Во документот на Меѓународната кризна група (МКГ) од 2012 година се потврдува дека „грчките барања немаат основа во меѓународното право". Но, во истиот извештај се зборува за легитимни „грижи" на грчката страна и се предлага билатерално име.

повеќе

Дипломатијата е значајна служба на секоја одговорна земја. Во нашиов случај, кога сме меѓународно оспорени, МНР мора да биде најфорсирана институција.

повеќе