Се вратија пивата „битолско“ и „кенбах“

Битолската пиварница пак проработе. Од денес по маркетите низ земјава пак ќе се продаваат пивата „битолско“ и „кенбах“.

Пиварницата е реконструирана по германски проект, со најнова технологија за производство за пиво по германска формула.

Двете пива на пазарот ќе се појават во стаклени амбалажи од 0,33 и 0,5 литри и ПЕТ-амбалажи од 1,5 литар, кои ќе се продаваат по промотивни цени, со што ќе бидат конкурентни и достапни.

Фабриката има капацитети за производство на газирани сокови, кои се планира во следните денови да се појават под името „пел“ во амбалажа од 1,5 литар.

Блажо Димитров, сопственик на битолската пиварница, истакна дека за почеток пивата ќе бидат пуштени во продажба само во Битола, а потоа низ цела Македонија и во соседните земји.

Засега во пиварницата се вработени 80 лица, а во блиска иднина се планира вработување на уште 20 лица за производство.

Маневарскиот простор за Македонија да добие добар договор за проблемот со името кој ќе ни овозможи максимално зачувување на националното самочувство, а едновремено и датум за преговори за зачленување во ЕУ наскоро, можеби до крајот на годинаva, ќе се собере како евтина кошула по перење.   

повеќе

Сите проблеми на овој свет најдобро и најефикасно се решаваат низ дијалог и компромис и дека тужбите и „влечкањето“ по судови треба да се последна опција, кога сите други опции се исцрпени.

повеќе

Во Утрински весник (4 мај), во колумна на Ѓорѓи Спасов, под наслов „Создаваме непријател и од Бугарија“, беа широко елаборирани тези кои апсолутно не држат вода бидејќи вината за лошите односи со Софија воопшто не е во Скопје.

повеќе

МКД.мк на Facebook