
И двата министри најавија дека во тек била подготовката на законот за патување во двете држави со лична карта, и дека најверојатно веќе од оваа туристичка сезона македонските и црногорските граѓани ќе можат да ги поминуваат границите со лични карти.
На средбата што се одржа во Скопје, министерствата на двете држави потпишаа повеќе договори за полициска соработка.
Со договорот за полициска соработка ќе се овозможела поголема ефикасност при заедничките полициски операции, истакна министерката Јанкуловска.
„Македонија и Црна Гора се две пријателски држави кои немаат отворени и нерасчистени прашања, а имаат многу заеднички интереси,посебно кога станува збор за заедничката борба против криминалот“, рече Јанкуловска.