Старата скопска чаршија конечно ќе види ден

Скопската чаршија ќе биде целосно осветлена, што ќе придонесе за поголема безбедност, поголемо движење на луѓето и поголемо заживување на Чаршијата.

Проектот за реконструкција на уличното осветлување во Старата скопска чаршија почна денес. Поставени ќе бидат околу 250 канделабри со 472 светилки.
- Со овој проект Скопската чаршија ќе биде целосно осветлена, што ќе придонесе за поголема безбедност, поголемо движење на луѓето и поголемо заживување на чаршијата - рече градоначалникот Коце Трајановски.
Со реконструкцијата ќе бидат опфатени улиците Битпазарска, Дрварска, Покриена чаршија, Градиште, Лазар Танев, Подграѓе, Јорганџиска, Макарија Фрчковски, Казанџиска, 694, Ќуркчиска, Евлија Челебија, 412, Папуџиска, Петар Михов, Теодосиј Гологанов, Ковачка и Самарџиска.
Вредноста на проектот изнесува речиси 25 милиони денари, од кои 50 отсто ќе ги финансира општината Чаир, а 50 отсто градот Скопје.
Рокот за изработка е 90 дена, а изведувачи на работите се Гранит електрика, АДРА, Макпримат и Инженеринг ДАСС.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе