Трајковски бил убиен оти им се заканувал на западни дипломати

Претседателот Борис Трајковски бил убиен оти на високи западни државници им се заканил дека ќе обелодени компромитирачки информации за нивна вмешаност во корупција, за време на косовскиот конфликт и бегалската криза во 1999 година.


Според адвокатот Игнат Панчевски, кој завчера тврдеше дека ги има сите докази оти паѓањето на претседателскиот „кингер“ на 26 февруари 2004 година не било несреќа туку атентат, Трајковски имал документи што би можеле да го нарушат угледот на некои западни дипломати што во 1999 година престојуваа во Македонија, за време на напливот на бегалци од Косово.

„Тој беше директно инволвиран во сите настани во таа година бидејќи беше заменик-министер за надворешни работи. Јас долго време работам на случајот и наидов на информации што упатуваат на коруптивни скандали што во тоа време биле извршени од некои високи светски државници. Трајковски поседувал документи како доказ за корупцијата, но не знам што конкретно барал од тие светски државници“, вели адвокатот Панчевски.

Toj и понатаму тврди дека падот на претседателскиот авион не е авионска несреќа, туку атентат, и дека сите докази биле во Скопје.

Панчевски завчера за МКД.MK изнесе шокантни тврдења во врска со случајот.

Вчера Нетпрес јави дека бил подготвен нов извештај за смртта на претседателот Борис Трајковски и тој бил влезен во владина процедура, но од таму не откриваат детали од содржината.

„Точно е дека има најнов извештај и дека е пуштен во процедура. Детали не можам да изнесам оти станува збор за документ со доверлива содржина. Оттука извештајот ќе биде доставен до државното обвинителство, кое понатаму ќе одлучи дали и какви мерки ќе преземе“, изјави Мартин Мартиновски, портпарол на Владата.

 

Е.З

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе