Заканите на албанските навивачи на Косово се обвистинија вечерва, со ново палење на македонското знаме во Приштина, на пријателскиот турнир на кој учествува нашата младинската ракометна репрезентација.
По повод четиригодишнината од независноста на Косово, навивачката група „Плисат“ го запали македонското знаме, објави порталот shqipmedia.com.
Ова е вторпат во краток период, откако истото го сторија и во Качаник на фудбалски меч. Сето ова тие уште пред една и пол недела го најавија како одговор на македонските навивачи и пеењето на навредливи песни кон Албанците на Европското ракометно првенство во Србија.
Освен палењето на знамето навредливи пароли беа упатени кон Македонците, од тимот „Господ ве направи Бугари, Тито Македонци“ и „Македонија не егзистира“.
Во Качаник, имаше парола „2012 не е крај на светот, туку крај на Македонија“.
Врзани содржини:
- И покрај заканите, младите ракометари ќе одат на Косово
- Закана од Косово: тие што ни го палеа знамето сега им се закануваат на ракометарите
- Албанците од Струга го поддржаа човекот што го запали македонското знаме
- Нема реприза од Литванија: сепак ќе се вее најголемото македонско знаме
- Запалено македонско знаме пред општина Струга
- РФМ: Одењето на Косово сега е неизвесно
- Кривична за пијаниот Албанец што го запали македонското знаме
- Забрането големото македонско знаме
- ЕП во Србија најгледано во историјата
- Македонците во Перт го закачија и македонското и знамето на Абориџините













