Шпигл: антигерманско расположение во Грција (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Германскиот неделник „Шпигл“ денеска објави фотогалерија под наслов „Антигерманско расположение на протестите во Грција“.

Неделникот, преку фотографии, карикатури и ТВ-дебати ги пренесува ваквите, за нив неразбирливи емоции кај грчката јавност.

Одбивноста кон Германија во Грција расте поради перцепциите дека Берлин ѝ наметнува строги мерки за штедење на земјата. Оваа карикатура од Статис Ставропулос, познат грчки карикатурист, го прикажува Хорст Рајхенбах, германскиот „шеф“ на специјалната група за Грција во рамките на Европската комисија, како нацистички офицер, а Грците како негов пион.

Во четвртокот на насловната страница на грчкиот десничарски дневен весник Демократиа имаше слика на германската канцеларка Ангела Меркел како нацистка, со германски титл "Memorandum Macht Frei,", кој алудира на нацистичкиот слоган "Arbeit Macht Frei" („Работата те ослободува“), кој стоеше над портите на Аушвиц. Меморандумот е документот во кој се образложуваат предложените мерки за штедење што тројката сака да ѝ ги наметне на Грција.

Во меѓувреме, ТВ-лицето Јоргос Трангас (во портокаловиот џемпер) зборува против Германија во своето ТВ-шоу. Тој постојано прави споредби со нацистичката ера и ја навредува Меркел.
Уште една карикатура од Статис Ставропулос. Европските бројачи на зрна грав откриле дека во супата има 33 зрна, а треба да има само 28. Вишокот од 5 зрна треба да им биде предаден на Германците.

На оваа слика грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос е портретиран како чувар од Аушвиц, кој бара „конечно решение“ за грчките сиромашни.

Ставропулос е еден од најпознатите карикатуристи во Грција. Дури и Њујорк тајмс неодамна ги објави овие карикатури. Тој од неодамна е целосно концентриран на германското влијание во Грција.

Знамето со свастика стана вообичаена глетка на грчките протести против злобните мерки за штедење што ѝ се наметнати на земјата.

Исто како и палењата на германското знаме. Широко е распространето мислењето дека канцеларката Ангела Меркел е движечката сила што стои зад барањата на Европската Унија за дополнителни мерки за штедење во Грција.

Тука, името на централата на Банката на Грција е сменето со име што го одразува тоа што го мисли мнозинството од народот.

 

Фото: Шпигл

Врзани содржини:
  1. Грција: Нови штрајкови против европските мерки за штедење
  2. Снежна фотогалерија
  3. Грција се тркала кон излез од еврозоната
  4. Д-денот на Грција
  5. Грција сè уште може да ја турне Европа
  6. Часови ја делат Грција од банкрот
  7. Грција – со штитот или на него
  8. Грција нема пари за долговите, ама има пари за ограда кон Турција
  9. Германија бара управител за буџетот на Грција
  10. Вашингтон пост: ценкањето со Грција има последици врз целиот свет

Последна видеовест

Девојка од соседството

[други видеа]

Коментар

Што може Турција да направи за Македонија во Чикаго?


Сепак, што ќе се случи ако некоја земја-членка го услови усвојувањето на дневниот ред со додавање на уште една точка – проширување на членството, или пак преземање на обврска за прием на Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија на наредниот самит на НАТО (2014). Токму оваа можност вчера ја објави турскиот весник „Хуриет“.[повеќе]

Коментар

Скап и болен неуспех


Кампањата го постигнува спротивното од она за што е наменета. Наместо да ги убеди Македонците да си ги сменат навиките, таа ги разгневува и ги навредува. Згора на тоа, тие мора да им платат на оние од кои се навредени. Странците, пак, што ќе ги гледаат видеата двапати ќе размислат пред да посетат земја прикажана како рај за крадците и за оние што не ги почитуваат законите. Прекрасно, нели?“.[повеќе]

Наши пријатели


Анкета

Што очекувате од Самитот на НАТО во Чикаго?

Резултати од гласањето

Loading ... Loading ...

Инфо

Издавач: ДОО Везилка

Телефони:
- (02) 3256-696
- (02) 3256-956
- (078) 219-342

Email:
mkd@mkd.mk
contact@mkd.mk

Контакт

Име *
Email *
captcha